Полицијата во акција со Google Glass

Објавено на 07.02.2014 во Новости



Полицијата во акција со Google Glass

Долго време заштитен знак на полицајците беа Ray-Ban очилата, но сега се појави нов технолошки бренд и службениците на редот и мирот најверојатно ќе ги заменат со паметните очила Google Glass.
 
 
Google веќе доставил повеќе уреди за тестирање на NYPD најпозната полициска служба во САД која има околу 35.000 полицајци, а голем интерес има и градот Сан Франциско за употреба на Google Glass при евиденција на сообраќајни несреќи.
 
 
Полициските портпароли во САД изјавија дека паметните очила се тестираат во повеќе области и доколку се покажат како корисни може да бидат дел од стандардната опрема на полицајците. Здруженијата за човекови права веднаш се побунија сметајќи дека со Google Glass ќе се наруши приватноста на недолжните граѓани.