Најглупата игра за мобилен прави растур

Објавено на 07.02.2014 во Игри



Најглупата игра за мобилен прави растур

Flappy Bird е една од оние едноставни да не речеме глупави игри но, толку се заразни што речиси сите ја имаат инсталирано на својот смартфон. Интересен е фактот што нејзиниот креатор Донг Енгајен ја изработил за само три дена и воопшто не се надевал дека ќе стане огромен светски хит.
 
 
Flappy Bird на програмерот Донг Енгајен од Виетнам му носи 50.000 долари дневно благодарение на пласираните реклами, а играта го држи првото место по бројот на превземање во App Store за iOs. Затоа веднаш е лансирана и верзијата за Android каде исто така руши рекорди.
 
 
Играта Flappy Bird е многу едноставна и се базира на принципот „возење на хеликоптер“ и треба да ја водите птицата низ бројните пречки кои се позајмени од Super Mario. Доколку сте заинтересирани зошто сите збеснаа по Flappy Bird може да ја најдете за Android во Play Store и за iOs во App Store.