Најглупиот потег во мобилната индустрија

Објавено на 09.02.2014 во Новости



Најглупиот потег во мобилната индустрија

Пред само некој ден ве информиравме дека најглупата игра за мобилен која за некое чудо стана хит за Android и iOs со најголем број на превземања, благодарение на мобилните огласи на креаторот му носеше 50.000 долари дневно. Сега Донг Енгајен прави уште поглупав потег, а тоа е да ја отстрани Flappy Bird од App Store и Play Store.
 
 
Програмерот на игри од Виетнам објави на Twitter дека повеќе не можел да го поднесе притисокот од медиумите за неговата игра која стана хит преку ноќ и дека воопшто не очекувал Flappy Bird да привлече вакво внимание. Сепак, вистинската причина за откажување од овој рудник на богатсво е многу посериозна, па се шпекулира дека Донг Енгајен се плаши од даночните власти во Виетнам, додека други тврдат дека Нгајен ја украл идејата за играта и се плаши од тужба.
 
 
Донг Енгајен се откажува од фантастичната заработка на неговата игра која им ги кинеше нервите на гејемрите заради невозможно тешкиот начин на управување, па можеби има нешто добро во целава приказна, нема да има луѓе ширум светот кои го скршиле својот смартфон во наплив на бес заради Flappy Bird.