BlackBerry Ontario ќе биде канадска гордост

Објавено на 10.02.2014 во Новости



BlackBerry Ontario ќе биде канадска гордост

На интернет сајтот за мерење на перформанси GeekBench е забележан првиот бенчмарк тест направен со новиот премиум смартфон на канадскиот производител BlackBerry Ontario со кого е планирано повторно освојување на пазарот.
 
 
Се работи за досега најмоќниот BlackBerry уред прв кој ќе работи на четири-јадрен процесор Qualcomm Snapdragon 800 со брзина од 2.2 GHz, комбиниран со 2 GB и 16 GB вградена меморија.
 
 
Од почетниот тест на BlackBerry Ontario може да се открие дека ќе работи на најновата верзија на оперативниот систем 10.3.0.92. BlackBerry сеуште не претставил ниту еден нов смартфон во 2014 година и затоа е претпазлив со производството кое сега ќе биде помогнато од Foxconn.