LG со нова тактика за средната класа

Објавено на 14.02.2014 во Новости



LG со нова тактика за средната класа

LG реши да им стави крај на критиките дека го ставил најавениот смартфон LG G2 mini во фиока и конечно го објави првиот тизер како најава за промоцијата која најверојатно ќе се одржи на Светскиот мобилен конгрес во Барселона.
 
 
Меѓутоа поминаа речиси четири месеци од пласманот на LG G2 па затоа нема никаква логика дури сега да се промовира неговата мини верзија, што доведува до заклучокот дека LG G2 mini всушност ќе биде сосема нов уред наменет за средната класа.
 
Бидејќи се уште не го знаеме официјалното име и понатаму ќе го користиме терминот LG G2 mini за кого се претпоставува дека ќе има екран со големина меѓу 4.5 и 4.7 инчи со HD резолуција, четири-јадрен процесор и 13 мегапикселна камера со оптичка стабилизација на сликата.
 
Со вакви спецификации LG G2 mini ќе може да му се спротистави на новиот хит меѓу купувачите Sony Xperia Z1 Compact кој целосно ја промени средната класа која станува се поатрактивна