Samsung ја освојува армијата

Објавено на 17.02.2014 во Новости



Samsung ја освојува армијата

Samsung Mobile ќе стане еден од главните партнери на американската армија и безбедносните служби откако се потврдува дека тие го добиле најновиот тендер за набавка на околу 10.000 смартфони кои ќе бидат дел од воениот систем Nett Warrior.
 
 
Американската армија создава нов борбен систем за употреба при специјални задачи каде војниците имаат вградено Samsung Galaxy Note во нивната опрема за воспоставување на комуникација и навигација.
 
 
Досега главен снабдувач на Пентагон беше BlackBerry но, канаѓаните ја губат довербата од американската влада која реши да создаде комуникациски безбедносен систем кој ќе користи повеќе видови на смартфони од различни производители.
 




Прочитајте повеќе: