LG G2 mini официјално дебитира пред јавноста

Објавено на 20.02.2014 во Новости



LG G2 mini официјално дебитира пред јавноста

LG ги откри картите и официјално го прикажа новиот смартфон LG G2 mini кој како и што претпоставувавме претходно ќе припаѓа на средната класа и има многу поскромни компоненти од неговиот поголем брат. Првиот впечаток е дека успехот на LG G2 mini најмногу ќе зависи од неговата цена.
 
 
LG G2 mini има 4.7 инчен LCD екран со резолуција од 540 x 960 пиксели со густина на сликата од 234ppi. Изборот на вака голем екран за мини верзија на смартфон е навистина изненадувања но, тука завршува воодушевувањето од LG G2 mini бидејќи се останато е во рамките на просекот.
 
 
LG G2 mini работи на четири-јадрениот Qualcomm Snapdragon 400 процесор, а исто така ќе има посебна верзија која ќе работи на моќниот графички чипсет Nvidia Tegra 4i. Останатите спецификации ги сочинуваат и 1 GB RAM, 8 GB RAM, 8 MP камера, како и батерија со капацитет од 2250 mAh. Цената на LG G2 mini се уште не е откриена, а смартфонот ќе биде пуштен во продажба во март.