Asus најави нов таблет со вграден смартфон

Објавено на 20.02.2014 во Новости



Asus најави нов таблет со вграден смартфон

Asus се погрижи да ги покрие сите категории на производи и серијата на иновативниот таблет на кој може да се вгради смартфон доби нов модел кој ќе биде за нијанса поевтин од PadPhone Infinity 2 и со самото тоа и нешто поскромни карактеристики.
 
 
Се работи за новиот Asus PadFone Infinity Lite кој исто така ќе работи на четири-јадрен процесор но, за класа послабиот Qualcomm Snapdragon 600 со брзина од 1.7GHz, а остантите спецификации се речиси исти односно ги сочинуваат 5 инчен HD екран, 13 MP камера,  2GB RAM, 32 GB меморија и батерија со капацитет од 2.400. 
 
 
Asus PadFone Infinity Lite ќе се продава по цена од 450 долари а, корисниците доколку сакаат да ја добијат докинг станицата за таблетот ќе треба да доплатат 250 долари. Монтажниот таблет има 10.1 инчен екран со резолуција од 1920 x 1080 пиксели и дополнителна батерија од 5000 mAh.