Flappy Bird се враќа од мртвите

Објавено на 21.02.2014 во Игри



Flappy Bird се враќа од мртвите

Flappy Bird за краток период стана најсимнувата игра за Android и iPhone и токму во моментот кога сите помисливме дека светот ќе го зафати нова треска изработувачот Донг Енгајен не го издржа притисокот и реши да ја повлече, по што Google и Apple ги забранија сите нејзини нови клонови но, не се нервирајте бидејќи има решение.
 
 
Целата ситуација реши да ја искористи студиото Incuvo кое најави нова Eclipse верзија на играта Createrria, а од корисникот ќе се бара самиот да си креира своја игра. Знаеме дека звучи малку нерезонски но, Incuvo мора да ја примени оваа формула за да не се соочи со нова забрана од Google и Apple.
 
 
Преку нивната игра Createrria корисникот ќе може самиот да си креира игра во стилот на Flappy Bird или било која друга копија, односно да примени свој дизајн, нивоа, пречки и други детали. Createrria Eclipse наскоро ќе биде пласирана за iPhone со што се очекува воскреснување на Flappy Bird, а од следното видео погледнете на кој начин ќе се случи тоа.