Чук-Чук LG G Pro 2

Објавено на 21.02.2014 во Новости



Чук-Чук LG G Pro 2

LG Mobile неодамна го најави новиот смартфон LG G Pro 2 кој ние сакаме да го нарекуваме максималната верзија на LG G2 бидејќи има поголем Full HD екран, подoбра батерија и хардвер но, речиси ист дизајн со примена на физичките кочиња на задната страна што доведе до сосема нов начин на интеракција со телефонот.
 
 
LG Mobile обезбеди нова софтверска алатка Knock On со која треба само да чукнете на екранот два пати и тој веднаш ќе се активира, a сега ќе отидат еден чекор понапред претставувајќи ја унапредената верзија на софтверот наречена LG Knock Code која ќе донесе огрoмен избор на различен начин на отклучување на екранот, да бидеме попрецизни точно 86,367 комбинации кои може да се внесат на било кој дел од екранот.
 
 
На овој начин големиот 5.9 инчен LG G Pro 2 многу полесно ќе го ракувате, а главниот бенефит од овој софтвер е зголемување на безбедноста бидејќи е невозможно некој да го отклучи смартфонот доколку не ја знае вашата комбинација. LG G Pro 2 заедно со LG Knock Code во целост ќе бидат претставени на Светскиот мобилен конгрес во Барселона и од следната видео најава погледнете што може да очекувате.