Nokia ја започна авантурата со Android

Објавено на 24.02.2014 во Новости



Nokia ја започна авантурата со Android

По голем број на шпекулации Nokia конечно го претстави својот прв мобилен телефон со оперативниот систем Android и покрај негодувањето на Microsoft кој практично ја поседува компанијата и правата за нови телефони, а добро знаеме колку им пречи оваа соработка со конкурентската платформа на Google
 
 
Nokia X е официјално претставен, додека пак плановите со Android не завршуваат тука и како што откривме претходно наскоро ќе видиме и телефон од високата класа кој ќе има големина од 5 инчи и Nokia X+ кој ќе има за нијанса подобри компоненти, а двата телефони се планирани за пласман во мај.
 
 
Сега да се задржиме на Nokia X кој има 4 инчен IPS LCD екран со резолуција од 480 x 800 пиксели, како и хардвер од ниската класа предводен од дво-јадрениот Snapdragon S4 процесор, 768 MB RAM и 4 GB, заедно со пристојна 1500mAh батерија и 3 мегапикселна камера.
 
 
Кај Nokia X најинтересен дел е секако софтверот кој е составен од кустомизирана верзија на Android без пристап до апликациите во Play Store, додека пак изгледот и интерфејсот е во стилот на Windows Phone со што добиваме нова интересна хибридна платформа. 
 
 
Оваа платформа ќе продолжи да функционира со цела серија на нови телефони на Nokia со многу пониска цена. Во софтверот на Nokia се вклучени апликациите и сервисите на Nokia и Microsoft како Nokia HERE maps, OneDrive и Skype, а листата ќе се зголемува во наредниот период. Nokia X ќе се продава во Европа по цена од само 89 евра, а пласманот започнува во почетокот на март.
Автор: Aleksandar Stankov