Најавени се BlackBerry Z3 и BlackBerry Q20

Објавено на 25.02.2014 во Новости



Најавени се BlackBerry Z3 и BlackBerry Q20

BlackBerry најави два нови смартфони како дел од соработката со фабриката Foxconn која во целост е задолжена за дизајнот и хардверските компоненти на BlackBerry Z3 и BlackBerry Q20 замислени како уреди наменети за средната и ниската класа кои ќе треба да ги привлечат купувачите.
 
 
BlackBerry Z3 е всушност долго очекуваниот BlackBerry Jakarta евтиниот 5 инчен смартфон со екран на допир кој ќе се продава по цена од околу 200 долари првично наменет за азискиот пазар. Вториот смартфон во новата понуда е BlackBerry Q20 кој ќе ја задржи традиционалната физичка QWERTY тастатура и исто така ќе биде наменет за купувачите со ограничен буџет.
 
 
Деталните спецификации за BlackBerry Z3 и BlackBerry Q20 се уште не се официјално откриени, а сите податоци ќе бидат објавени на промоцијата закажана во април.