Sony Xperia M2 доаѓа во април

Објавено на 01.03.2014 во Новости



Sony Xperia M2 доаѓа во април

Sony Mobile наскоро ќе ја започне глобалната продажба на новиот смартфон од средната класа Sony Xperia M2 чија цена ќе биде поставена на околу 280 евра што и не така скапо за квалитетен уред.
 
 
Sony Xperia M2 има 4.8 инчен qHD екран со резолуција од 540 x 960 пиксели, потоа работи на четири-јадрениот Qualcomm Snapdgragon 400 процесор со брзина од 1.2 GHz заедно со послабата Adreno 305 GPU карта, потоа има 1 GB RAM и 8 GB меморија која може да се надополни преку microSD мемориска картичка. 
 
 
На задната страна е сместена 8 мегапикселна камера, додека батеријата има капацитет од 2300 mAh. Смартфонот работи на оперативниот систем Android 4.3 Jelly Bean и ќе има посебна верзија со подршка за две SIM картички.