Apple планира рекордни 90 милиони iPhone 6 смартфони

Објавено на 07.03.2014 во Новости



Apple планира рекордни 90 милиони iPhone 6 смартфони

Apple планира да продаде најмалку 90 милиони iPhone 6 смартфони, барем толку ќе бидат порачани од фабриката Foxconn која е задолжена за составување на новите модели. Се работи за зголемување на производството од цели 25 проценти во однос на 2013 година кога беа лансирани iPhone 5s и iPhone 5c.
 
 
Според финансиските експерти прогнозата на Apple е најхрабра досега и може да се исполни, особено што се очекува iPhone 6 да има поголем екран кој ќе одигра важна улога ви привлекување на купувачите.
 
 
Досега речиси сите информации упатуваат на тоа дека iPhone 6 ќе има 4.7 инчен екран, подобра iSight камера, како и подобрувања на хардверот и поголема заштита и цврстина на градбата. Во игра е и првиот навистина голем уред iPhablet кој ќе има екран со големина од 5.5 инчи кој исто така се очекува да освои голем број на купувачи.
Автор: Aleksandar Stankov