Nexus 5 има проблеми со батеријата
Објавено на 07.03.2014 во Новости
Корисниците на Nexus 5 се жалат дека смартфонот има големи проблеми со батеријата која веднаш се троши. Проблемот го призна и Google кој најави дека има решение кои ќе биде доставено преку софтверска надградба.
Од Google соопштуваат дека проблемот се наоѓа во "mm-qcamera-daemon" софтверската алатка на системот Android 4.4.2 KitKat која им дозволува на апликациите од надворешни извори како Skype да пристапуваат до камерата на Nexus 5 и работејќи во позадина многу брзо ја цедат батеријата. Сепак, најважно од се е што проблемот ќе биде решен.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.