Се појави мистериозен Samsung Galaxy S5 Neo
Објавено на 10.03.2014 во Новости
Извештај од интернет записите на тестирање на смартфони од Индија покажува дека се подготвува нова верзија на Samsung Galaxy S5 која ќе биде поевтина од премиум моделот, но не се работи за уред со помал екран бидејќи сериските броеви се речиси идентични, што асоцира дека на пат е смартфон кој сега може да го наречеме Samsung Galaxy S5 Neo.
Слична процедура Samsung Mobile направи и со фаблетот Galaxy Note 3 кој неодамна доби своја Neo верзија со екран со пониска HD резолуција и речиси идентични хардверски компоненти, па ако се примени истиот рецепт и кај новиот премиум модел Samsung Galaxy S5 може да очекуваме нешто поевтин 5.1 инчен смартфон, за кој за жал се уште не се откриени детали од спецификациите, но повеќе информации очекуваме во наредниот период.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.