LG G Pro 2 има магичен фокус

Објавено на 11.03.2014 во Новости



LG G Pro 2 има магичен фокус

LG Mobile засилено го промовира новиот премиум смартфон LG G Pro 2 кој наскоро ќе се најде во продажба и се очекува да биде вистински хит на домашно тло во Јужна Кореја, а голем интерес предизвикува и на глобалниот пазар. За таа цел е снимена нова реклама за магичниот фокус на камерата на LG G Pro 2.
 
 
LG G Pro 2 има 13 мегапикселна камера со подобрена технологија на оптичка стабилизација на сликата што е одличен додаток за правење на одлични видеа, додека во интерфејсот на камерата е понудена нова опција „магичен фокус“ преку која може да го менувате фокусот на направените слики.
 
 
Во новата реклама за LG G Pro 2 ќе го сретнете најслаткото кученце на светот и неговата сопственичка прави огромен број на слики кои потоа ги уредува со опцијата „магичен фокус“. LG G Pro 2 има и 5.5 инчен Full HD екран, работи на четири-јадрен Snapdgragon 800 процесор со 3 GB RAM. Новата реклама за магичниот фокус може да ја погледнете во продолжение.

)

Автор: Aleksandar Stankov