iOs 6 е побрз од iOs 7.1 кај iPhone 4

Објавено на 11.03.2014 во iOs



iOs 6 е побрз од iOs 7.1 кај iPhone 4

Ars Technica изврши повеќе тестови со iPhone 4 за да се види времето потребно за вклучување, брзината на интернет и користењето на останатите апликации и благодарение на надградбата со iOs 7.1 има забрзувања од 1 до 4 секунди во сите категории.
 
 
Тоа што може да го забележите и дека iPhone 4 работејќи со оргиналниот iOs 6 со кој беше промовиран во 2011 година всушност има најдобри резултати и со новите надградби е значително забавен.
 
 
Тоа не треба да значи нешто лошо за надградбите на Apple бидејќи со новите верзии на системот доаѓаат нови и подобрени функции кои секако бараат поголемо користење на хардверските ресурси, а со тоа и забавено одвивање на операциите, но не преголемо.
 
 
Според првите тестови на брзина направени со iPhone 4 се гледа голем напредок во функционалноста благодарение на новата софтверска надградба со најновата верзија на iOs 7.1 кој е многу поефикасен од iOs 7, па доколку мислите дека новите функции не ви се потребни, а поважна ви е брзината не би требало да вршите надградба на системот.