Повторно ќе „флапаме“

Објавено на 12.03.2014 во Игри



Повторно ќе „флапаме“

Донг Енгајен најави дека размислува да ја врати екстремно заразната игра Flappy Bird за платформите на Android и iOs, откако голем број на фанови се разочарани што не успеале навреме да ја симнат играта.
 
 
Според изјавата на девелоперот од Виетнам не може точно да се оцени кои се неговите мотиви за воскреснување на Flappy Bird, но се претпоставува дека голема улога играат огромните 50.000 долари дневно кои ги заработуваше во екот на популарноста на едноставната игра.
Автор: Aleksandar Stankov