HTC пред дебакл - Продаден првиот HTC One 2 на eBay

Објавено на 12.03.2014 во Новости



HTC пред дебакл - Продаден првиот HTC One 2 на eBay

HTC се соочува со голем дебакл откако е продаден првиот модел на HTC One 2 на eBay. Се работи за уред брендиран од американскиот оператор Verizon и чудно е како некој успеал да го постави моделот на eBay иако смартфонот HTC One 2 не е ниту официјално претставен пред јавноста.
 
 
На eBay е прикажана само кутијата на HTC One 2, но не и нејзината содржина што остава простор за сомнеж дали внатре навистина се наоѓа смартфонот. Сепак, на страната се објавени и официјалните спецификации на HTC One 2 што ја прави целата ситуација трагикомична за тајванскиот производител, па оттаму има и многу коментари дека се работи за маркетинг трик.
 
 
Во листата на спецификации стои дека HTC One 2 кој инаку ќе се продава под името HTC One 2014 има 5 инчен Full HD екран, работи на четири-јадрениот Qualcomm Snapdragon 801 процесор, има 2 GB RAM, 32 GB меморија, како и тоа дека има нова Ultrapixel камера со двоен сензор. Кутијата со HTC One 2014 е продадена по цена од 499 долари.
 
Автор: Aleksandar Stankov