Шекил О’Нил е најголемиот гик

Објавено на 13.03.2014 во Новости



Шекил О’Нил е најголемиот гик

Во неодамнешното интервју на Шекил О’Нил со The Wall Street Journal поранешниот кошаркар потврди дека е огромен фан на технологијата и секогаш сакал прв да поседува некој ексклузивен уред, како што е iWatch шпекулираниот паметен часовник на Apple кој го чека со години.
 
 
Шекил се пошегува и дека лично му се јавувал на Стив Џобс пред промоцијата на iPhone и iPod за прв да добие примерок од овие уреди, но безуспешно. Понатаму спортската легенда објасни дека троши огромни пари на апликации и игри и дека постојано бара нови интересни проекти од технологијата, а воедно тој е еден и од првите инвеститори на Google.
 
 
За на крај од интервјуто го издвојуваме и рецептот на Шекил О’Нил за користење на социјалните мрежи. Според него треба 60 проценти од времето да го поминете во кажување на шеги или интересни поенти, 30 отсто да посветите на нешто инспиративно, додека останатите 10 проценци за промоција, во случај на Шекил за рекламирање на неговите производи.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: