Кој го измислил iPhone-от

Објавено на 13.03.2014 во Новости



Кој го измислил iPhone-от

Името на Масајоши Сон можеби нема ништо да ви значи, па затоа приказната ќе ја започнеме со негово претставување. Се работи за еден од најбогатите луѓе во Јапонија, основач на конзорциумот SoftBank и човек кој станал милионер уште во тинејџерските години. Неговата огромна амбиција е да влезе во светот на мобилната индустрија за што во 2005 година имал мистериозна средба со Стив Џобс, во тоа време директор на Apple.
 
 
Масајоши Сон му ја соопштил идејата на Џобс за мобилен телефон кој ќе се базира на iPod, ќе има екран на допир и ќе може да се поврзе на интернет, па дури и му прикажал скици. Стив Џобс одговорил дека веќе ја има идејата, но кој знае, можеби токму оваа средба послужила како иснпирација за легендарниот iPhone претставен во јануари 2007 година.
 
 
Подоцна Сон побарал од Стив Џобс да потпишат договор дека штом смартфонот ќе биде готов тој да има ексклузивни права за продажба на iPhone во Јапонија, но Џобс го одбил бидејќи Масајоши немал мобилен оператор. Сон тука не застанува, за само неколку месеци подоцна во 2006 година го превзема јапонскиот Vodafone и ги добива правата за продажба на iPhone со што за кратко време станува најуспешниот оператор во Јапонија. 
 
 
Денес Масајука Сон е сопственик на Sprint и има амбиции да го превземе T-Mobile USA со што ќе владее и на американскиот телекомуникациски пазар, додека пак дилемата дали тој навистина бил клучен за создавњето на iPhone е нерешена, а Сон не сака да ја наруши сликата за Стив Џобс кого го смета за Леонардо Да Винчи во светот на технологијата.




Прочитајте повеќе: