Големото момче Sony Xperia T2 Ultra доаѓа во Европа

Објавено на 17.03.2014 во Новости



Големото момче Sony Xperia T2 Ultra доаѓа во Европа

Sony Mobile како да го заборави новиот фаблет Sony Xperia T2 Ultra кој падна во сенка на премиум моделите Sony Xperia Z2 и Sony Xperia Tablet Z2, но според најновите информации многу наскоро ќе биде закажан датумот за почеток на продажба во Европа. 
 
 
Sony Xperia T2 Ultra според сите анализи не би требало да чини повеќе од 400 долари без склучен договор, но со оглед дека ќе се продава преку мобилните оператори цената може драстично да биде намалена, па затоа ќе го очекуваме овој одличен фаблет во почетокот на април.
 
 
За да потсетиме Sony Xperia T2 Ultra има 6 инчен HD екран со резолуција од 720 x 1280 пиксели и многу тенко тело од само 7.6 милиметри. Употребен е за нијанса послабиот четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 400 процесор од 1.4 GHz, заедно со 1 GB RAM и 8 GB меморија која може да се прошири преку microSD картичка.