Nokia со провокација до Apple - И ние имаме евтин смартфон

Објавено на 19.03.2014 во Новости



Nokia со провокација до Apple - И ние имаме евтин смартфон

Nokia ја искористи вчерашната промоција на iPhone 5c 8 GB кој би требало да биде нешто поевтин од првичната верзија со меморија од 16 GB, со многу провокативен твит. Nokia му порача на Apple дека тие одамна имаат сличен смартфон но, по многу поевтина цена.
 
 
Се работи за Nokia Lumia 520 кој има 4 инчен екран, различни бои на маската, 8 GB меморија кои може да се надополнат преку microSD картича за разлика од iPhone 5c и се продава по цена од околу 100 долари низ цела Европа. Nokia истакна и дека имитацијата е најдобра форма на комплимент.
 
 
Секако, разликите меѓу двата смартфони се поголеми и iPhone 5c има поквалитетен екран и камера, но за останатото Nokia е во право, па дури и за цената. Apple иако го поевтини iPhone 5c за околу 100 долари нема премногу да успее да ја зголеми продажбата бидејќи сите фанови се во очекување на iPhone 6.




Прочитајте повеќе: