Google го носи Chromecast во Европа

Објавено на 19.03.2014 во Новости



Google го носи Chromecast во Европа

Google конечно ќе го понуди мултимедиа плеерот Chromecast на европско тло, а исто така ќе го зголеми и присуството на Nexus 5 и Nexus 7 смарт уредите. Chromecast се користи за поврзување на сите видови на дигитални уреди со HD телевизорите и се продава по цена од 35 долари.
 
 
Преку Chromecast може да го употребите вашиот смартфон, таблет или друг уред како лаптоп за поврзување со телевизорот преку HDMI влезот и преку него да гледате видеа од YouTube, да пренесувате мултимедијална содржина или да превземате филмови, серии и ТВ шоуа од специјалните сервиси како Hulu, Netflix и други кои мора да напоменеме дека се достапни само во САД.
 
 
Chromecast лесно се управува преку мобилната апликација, што значи дека сите внесови на контроли одат преку смартфонот или таблетот. Chromecast е комаптибилен со сите видови на софтверски платформи како Windows, Linux, Mac OS, Android, iOs и други.