Google ќе владее со светот - На повидок технолошка еволуција

Објавено на 27.03.2014 во Новости



Google ќе владее со светот - На повидок технолошка еволуција

Лари Пејџ еден од основачите на Google имаше прилично искрено интервју за време на TED конференцијата на која беа презентирани плановите на компанијата за иднината, како огромните амбиции за промени во општеството преку примена на нови технологии, но истовремено мораше и да го одговори на жешките прашања за користење на податоците и следење на корисниците од страна на Владата.
 
 
Разговорот започна со темата Search односно интернет пребарувањето по што Google стана глобален лидер. Лари Пејџ оцени и покрај тоа што поминале 15 години тие се уште бараат начини како да го подобрат пребарувањето на интернет, односно да му дадат смисла на користењето на компјутерот или смартфонот преку Google Now. 
 
 
За таа цел е купена компанијата Deepmind која ќе ја донесе вештачката интелегенција во реалност бидејќи функционира на истиот принцип како и човечкиот мозок преку креирање на нервна мрежа. Компјутерот преку Deepmind веќе почнал самостојно да игра видео игри и да пребарува на YouTube.
 
 
Освен застрашувачки напредните технологиии кои полека ни создаваат фобии од развојот во иднината, Google има и позитивни општествени проекти за доставување на интернет во загрозените и сиромашни региони. Затоа се лансирани едноставни балони кои овозможуваат брза интернет врска во недостапни делови од светот и овој проект носи добро на локалната заедница.
 
 
На прашањето за заштита на приватноста на корисниците Лари Пејџ смета дека Владата на САД направила грешка што не и објаснила на јавноста кои податоци ќе ги следи и до каде смее да се жртвува приватноста во име на безбедноста од тероризам и други закани. Пејџ енергично уверува дека корисниците може да му веруваат на Google кој не ги злоупотребува нивните податоци.
 
 
Целото интервју на Лари Пејџ на TED конференцијата може да го погледнете во продолжение.