Samsung Galaxy S5 има вграден детски монитор

Објавено на 30.03.2014 во Новости



Samsung Galaxy S5 има вграден детски монитор

Меѓу новитетите на Samsung Galaxy S5 досега малку беше познато дека е вклучен и детски монитор, односно сензoр кој може да го детектира плачот на бебето и за тоа да ве алармира на смарт часовникот Galaxy Gear без потреба да купувате скапи апарати за следење на вашето дете.
 
 
Според Samsung оваа опција најдобро функционира кога смартфонот Galaxy S5 е одалечен на еден метер од бебето и може да го регистрира неговото плачење. Samsung Mobile исто така предупредува оваа опција да се користи одговорно, да се внимава и дека сензорот на Galaxy S5 не е замена за медицински уред.