Apple води света војна против Android

Објавено на 03.04.2014 во Новости



Apple води света војна против Android

Известувањето за судските спорови меѓу Samsung и Apple веќе се претвора во шпанска серија, речиси на сите им е познато дека во прашање се потенцијални две милијарди долари оштета и дека почетните дизајни на Galaxy смартфоните и таблети се многу слични на iPhone и iPad, но покрај тоа на површина излегуваат сочни детали на компанијата од Купертино која уште во 2010 година влегува во света војна со Android.
 
 
Адвокатите на Samsung прикажаа повеќе електронски пораки испратени од Стив Џобс до менаџментот на компанијата во кој се повикува на света војна против Android, бидејќи платформата има се поголемо присуство и конкурентите напредуваат одлично, но неговиот проблем е што во голема мера ги копираат опциите на оперативниот систем iOs, па затоа мора по секоја цена да се блокираат Google и останатите. Samsung сака да докаже дека нападот врз нив е всушност пресметка со Android, а тие се одбрани како најуспешен производител во оваа сфера.