Совет како да го сочувате компјутерот или лаптопот

Објавено на 13.08.2014 во Туториали



Совет како да го сочувате компјутерот или лаптопот

Можеби многумина корисници веќе го знаат одличниот совет за користење на опцијата Sleep на нивниот компјутер или лаптоп но, тие што не обрнуваат внимание на овие постапки најчесто го исклучуваат уредот кога не го употребуваат и на тој начин ја намалуваат неговата ефикасност.
 
 
Опцијата Sleep  ја препорачуваат сите компјутерски експерти бидејќи Microsoft во оперативниот систем навистина ја подобри оваа опција. Во минатото во Windows системот беше достапнeн само Stand By модот кој всушност и понатаму овозможуваше програмите и драјверите да работат во позадина со што се трошеше енергија беспотребно, додека пак лаптопите брзо ја цедеа батеријата.
 
 
Најлесно да ја активирате Sleep опцијата е со командите во старт менито на Windows, но кај новата верзија на Windows 8 таа е скриенa и може да ја најдете со притискање на втор клик или со стискање на копчињата на тастатурата ctrl+alt+delete. Sleep модот се препорачува бидејќи кога правите пауза со работа сите програми кои се активни се меморираат и со кликање на маусот или тастатурата веднаш се враќате во декстоп модот, не трошите енергија и не го оптоварувате уредот со постојано вклучување и исклучување.