Крадците на iPhone добија лесна задача

Објавено на 04.04.2014 во iOs



Крадците на iPhone добија лесна задача

Во оперативниот систем iOs 7.1 е откриен нов недостаток кој може да му помогне на некој украдениот iPhone лесно да го ресетира и да ја заобиколи заштитата поставена преку Apple ID и опцијата Find My Phone за блокирање на смартфонот и контрола од далечина во случај да го загубите.
 
 
Крадецот треба истовремено да ја избрише Apple ID сметката и веднаш да ја исклучи опцијата Find My Phone. Потоа се ресетирање на смартфонот во iTunes менито може да креира нова или пак да се регистрира со своја корисничка сметка и целосно да спречи следење на iPhone од неговиот вистински сопственик.
 
 
Овој проблем е откриен од страна на Мигел Алварадо и целата постапка може да ја погледнете во продолжение. Сега, од Apple се очекува да реагира на овој недостаток и да лансира надградба на оперативниот систем iOs 7.1 за подигнување на безбедноста.