Пали телевизорот ќе гледаме Android TV

Објавено на 07.04.2014 во Android



Пали телевизорот ќе гледаме Android TV

Google по втор пат ќе се обиде да ги освои гледачите пред малите (или големи плазма) екрани со воведување на новиот оперативен систем кој ќе донесе голем број на смарт функции за телевизорот и ќе се базира на платформата Android.

Овој пат Google ќе го поедностави интерфејсот на Android TV кој наместо да личи на смартфон со огромен екран, ќе функционира како модерен телевизиски сервис, со приказ на квалитетни бесплатни и pay-per-view содржини. Главниот акцент ќе биде ставен на поврзување со бесплатните апликации кои нудат мултимедијални ТВ содржини од познати продукциски куќи, премиум содржина составена од видеа, филмови и ТВ серии, а корисниците ќе добијат и џојстик за видео игри.

Google го менува пристапот на неуспешниот проект Google TV кој повеќе наликуваше на мобилен систем со компјутерски операции, со нов интерфејс кој ќе биде фокусиран на забавните содржини. За полесно користење на Android TV ќе бидат применети и гласовни команди. Единствена дилема е како Google ќе го пласира сет-топ боксот со Android TV системот до корисниците, во кои региони и по која цена, односно дали ќе има месечна претплата или пак се ќе биде наплатувано од самата желба и потреба на гледачите.

Автор: Aleksandar Stankov