Внимавајте - Зголемен број на телефонски измами во Македонија

Објавено на 14.04.2014 во Новости



Внимавајте - Зголемен број на телефонски измами во Македонија

Од мобилните оператори, особено од Т-Мобиле предупредуваат дека корисниците во изминатиот период се соочуваат со зголемен број на спам повици и СМС пораки од меѓународни броеви кои започнуваат со +88, +22  +21 и +29.
 
Пораките кои пристигнуват обично ја имаат следнава содржина : „Имаме важна порака за вас доколку се јавите на бесплатниот број или Барај ме итно“. Затоа, корисниците се советуваат да не бираат повратно на овие броеви, затоа што ќе имаат несакани трошоци.
 
Воедно се известуваат корисниците дека спам пораката која викендов циркулираше од броеви што почнуваат на +29, со содржина „Побарај ме итно“ и „Ме викаат итно“ откако е пријавена е блокирана. Доколку добиете ваква порака се советува корисниците веднаш да пријават до операторите за овие спам броеви кои испраќаат штетни СМС пораки да бидат блокирани.