Хакиран скенерот за отпечатоци на Samsung Galaxy S5

Објавено на 16.04.2014 во Новости



Хакиран скенерот за отпечатоци на Samsung Galaxy S5

По само пет дена од официјалното пуштање во продажба на Samsung Galaxy S5 веќе е пронајден начин како да се хакира скенерот за отпечатоци, а со тоа да се добие пристап до самиот смартфон, како и до корисничката сметка на PayPal.
 
 
Хакерите го применија истиот метод како и при пробивањето на заштита на Touch ID скенерот на iPhone 5s. Потребно е само да добиете слика од отпечатокот на корисникот во висока резолуција и да ја испечатите на латекс или сличен материјал, по што со леснотија ќе може да го отклучите Samsung Galaxy S5 и да добиете потврда при влез во корисничката сметка на PayPal.
 
 
Голем проблем во безбедноста на Samsung Galaxy S5 е што не се бара дополнителна заштитна лозинка, а исто така може да направите повеќе грешни обиди и уредот нема да се блокира, односно да алармира дека нешто не е во ред. Од PayPal изјавија дека имаат доверба во системот на Samsung и секој оштетен корисник може веднаш да ја суспендира својата сметка доколку се посомнева во нешто.