Facebook ќе ве известува каде ви се пријателите
Објавено на 18.04.2014 во Новости
Facebook најави дека во наредниот период ќе лансира нова опција за мобилните апликации на Android и iOs преку која корисниците ќе може да добиваат известувања за пријателите кои се во нивна близина.
Опцијата Nearby Friends ќе функционира на тој начин што ќе биде потребно и вие и вашите пријатели да ја имате вклучено за да може да се активира сервисот за лоцирање и споделување на местоположбата. За почеток Nearby Friends за Facebook ќе биде достапна само во САД, а подоцна и во останатите региони.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.