Yahoo ќе го избрка Google од iOs системот

Објавено на 18.04.2014 во Новости



Yahoo ќе го избрка Google од iOs системот

Мариса Мајер генералната директорка на Yahoo си постави амбициозен план да го избрка интернет пребарувачот на Google од оперативниот систем iOs и веќе бара начин како Apple да издејствува ваква одлука.
 
 
Apple има голем профит од соработката со Google бидејќи преку интернет прелистувачот кој е вклучен во Safari на сите iOs уреди им носи околу 1 милијарда долари годишно. За да успее Yahoo ќе треба да плати многу повеќе. Тоа може да се оствари откако интернет гигантот Alibaba ќе влезе на берза и ќе се искешираат 24 проценти од акциите кои ги поседува Yahoo.