Apple се бори за спас на планетата

Објавено на 22.04.2014 во Новости



Apple се бори за спас на планетата

Apple ја обнови програмата за рециклирање на старите електронски уреди преку својата онлајн продавница Apple Store и уште позасилено ќе се залага со подигнување на еколошката свет, но и за превземење мерки за справување со киматските промени и загадувањето кои може да донесат огромни последици во блиска иднина.
 
 
Затоа е снимена и нова видео порака наречена Better во која нарацијата ја води главниот извршен директор Тим Кук. Apple преку свој пример покажува колку е важно да се користат обновливи извори на енергија, да се намали емисијата на штетни гасови, а со тоа ќе се помогне во одржување на стабилна клима без големи последици врз природата и човекот.
 
 
Освен преку употреба на соларни панели, ветерници и други ефикасни и обновливи извори на енергија, Apple придонесува и со поефикасен дизајн и помали пакувања за производите кои трошат помалку материјал и ресурси. Целата еколошка програма на Apple може да ја најдете на веб сајтот на Apple Store.
 




Прочитајте повеќе: