iPhone направи партали - iPad разочара

Објавено на 25.04.2014 во Новости



iPhone направи партали - iPad разочара

Apple ги објави кварталните финансиски извештаји според кои смартфонот iPhone ги надминал очекувањата и достигнал бројка од неверојатни 43 милиони примероци, многу повеќе од претпоставените 38 милиони. Но, бројките не се така розови за Apple бидејќи таблетите од серијата iPad потфрлиле и од очекуваните 19 милиони примероци се продале само 16 милиони.
 
 
Тим Кук главниот извршен директор на Apple презентирајќи го извештајот одговараше на повеќе прашања на аналитичарите и оцени дека повеќе фактори влијаеле врз продажбата на таблетите iPad, како што се новите големи фаблети со кои полека ги заменуваат корисниците, а голема улога има и самата стратегија на компанијата со понудата на три различни модели.
 
 
Што се однесува на продажбата на смартфони тука Apple навистина доминира и го одржува на високо ниво интересот кај купувачите што остава голем простор да се очекува сличен успех да постигне новиот iPhone 6 кој ќе донесе многу промени и подобрувањa, како што е поголем 4.7 инчен екран, па затоа Apple уште сега порачал околу 90 милиони примероци за навреме да одговори на побарувачката.
 




Прочитајте повеќе: