Претставен Samsung Galaxy K Zoom со супер камера

Објавено на 29.04.2014 во Новости



Претставен Samsung Galaxy K Zoom со супер камера

Samsung Mobile и официјално ја промовираше новата верзија на Samsung Galaxy S5 која ќе го носи името Samsung Galaxy K Zoom и како што асоцира самиот наслов ќе биде фокусирана на камерата, односно ќе биде спој на дигитален апарат со телефонски функции, кој се надеваме дека ќе биде попрактичен од неговиот претходник Galaxy S4 Zoom.
 
 
За Galaxy K Zoom е употребена 20.7 мегапикселна BSI CMOS камера, со 10х оптички зум, оптичка стабилизација на сликата со вградени елементи за балансирање , одржување и побрзо поставување на фокусот, заедно со Xenon блиц кој работи и со помошноLED светло.
 
 
Покрај супер  квалитетната апаратура на камерата Samsung  Galaxy K Zoom има 4.8 инчен Super AMOLED екран со висока резолуција од 720 х 1280 пиксели, работи на шест-јадрениот Exynos 5 процесор од 1.3 GHz, заедно со 2 GB RAM, 8 GB меморија која може да се надополни преку microSD картичка.
 
 
Камера-смартфонот ќе ја користи најновата верзија на оперативниот систем Android 4.4.2 во комбинација со корисничкиот интерфејс TouchWiz, а исто така може да се пофали со одличен дизајн кој овој пат има нешто покомпактни димензии со дебелина од околу 20 милиметри и тежина од 200 грама. Samsung Galaxy K Zoom работи со нова апликација за камерата со голем број на ефекти и додатоци. Цената на Samsung Galaxy K Zoom и планот за продажба на глобалните пазари се уште не се објавени.

Автор: Aleksandar Stankov