HTC одлучи да ги намали цените на смартфоните

Објавено на 06.05.2014 во Новости



HTC одлучи да ги намали цените на смартфоните

HTC се наоѓа во тешка положба со неколку последователни негативни финансиски извештаи во кои се бележи пад на прометот и помала заработувачка. Една од причините за која и досега во повеќе наврати пишувавме е високата цена пред се на смартфоните Desire кои се продаваат во средната и ниската класа и воопшто не се исплатливи бидејќи има многу поевтини конкуренти.
 
 
Причината за високата цена на Desire смартфоните е што HTC целосно самостојно го врши производството и не може да биде конкурентен на кинеските мега фабрики како Foxconn. Затоа е донесена одлука да се ангажираат надворешни капацитети кои ќе ги склопуваат новите смартфони со што се очекува цената драстично да биде намалена.
 
Автор: Aleksandar Stankov