Новиот Motorola Moto E ќе чини само 70 евра

Објавено на 07.05.2014 во Новости



Новиот Motorola Moto E ќе чини само 70 евра

Motorola наскоро ќе го промовира наследникот на супер евтиниот смартфон Motorola Moto G кој ќе се продава по основна цена од само 70 евра, односно 100 долари и ќе биде одлична замена за средната класа со понуда на солиден квалитет.
 
 
Пробниот уред на Motorola е откриен на интернет сајтот Zauba на кој се вршат тестирање на новите смартфони. Се работи за новиот модел Motorola Moto E кој ќе има 4.3 инчен 720p HD дисплеј, ќе работи на дво-јадрен процесор, со 1 GB RAM, 4 GB меморија, 5 мегапикселна камера и батерија од 1.900mAh. Motorola Moto E го очекуваме на промотивниот настан кој ќе се одржи на 13-ти мај.
 




Прочитајте повеќе: