Motorola Moto E ќе ја раздрма ниската класа

Објавено на 13.05.2014 во Новости



Motorola Moto E ќе ја раздрма ниската класа

Motorola официјално го претстави новиот Motorola Moto E кој според видот на компонентите ќе припаѓа во ниската класа, но со многу пристоен квалитет, најнов софтвер и што е најважно многу достапна цена од само 90 евра.
 
 
Се работи за смартфон кој е продолжение на Motorola Moto серијата со сличен дизајн, но се нешто поголеми димензии, како што е дебелина на телото од 12.3 милиметри и тежина од 140 грама. Дисплејот на Motorola Moto Е има големина од 4.3 инчи со VGA резолуција од 540 х 960 пиксели.
 
 
Хардверот на Motorola Moto Е е составен од дво-јадрен Qualcomm процесор од најновата серија Snapdgragon 200 серија со френкфенција од 1.2 GHz, потоа 1 GB RAM, 4 GB меморија која може да се надополни преку microSD картичка, 5 мегапикселна камера и батерија од 1980 mAh која може да издржи целодневна работа. 
 
 
Motorola Moto Е работи на најновата верзија на оперативниот систем Android 4.4 KitKat и ветено е дека навремено ќе се вршат надградби на софтверот. Пласманот е закажан за крајот на месецот во повеќе од 40 држави во светот, па се надеваме дека меѓу нив ќе биде и Македонија.





Прочитајте повеќе: