Авангардниот Oppo N1 добива и мини верзија

Објавено на 15.05.2014 во Новости



Авангардниот Oppo N1 добива и мини верзија

Можеби многумина ќе негодуваат што големо внимание им посветуваме на кинеските брендови кои за жал не се на големо достапни во Македонија, но мора да се прифати новиот тренд во мобилната индустрија. Еден од кинеските предводници е одличниот Oppo N1 кој во 2013 година предизвика вистински бум со ротирачка камера и оперативен систем базиран на CyanogenMod, па затоа воопшто не изненадува одлуката наскоро да се лансира негова мини верзија.
 
 
Oppo N1 mini треба да го повтори успехот на премиум смартфонот од 5.9 инчи, секако во помало пакување со екран од 5 инчи со HD резолуција, осум-јадрен Mediatek или Exynos процесор, подршка за 4G LTE и 13 мегапикселна ротирачка камера. Цената и датумот на промоција на Oppo N1 mini се уште не се откриени, но не би требало да надмине над 350 долари што се сосема оправдано во квалитетната средна класа.