Motorola Moto G уфрла во петта брзина

Објавено на 15.05.2014 во Новости



Motorola Moto G уфрла во петта брзина

Motorola неодамна лансираше нов супер евтин смартфон кој целосно ќе ја радрма ниската класа по цена од само 100 евра и солидни компоненти, додека пак во премиум класата се уште чекаме нешто ново. Во меѓувреме фановите на Motorola ќе имаат можност да ја купат најновата 4G LTE верзија на ланскиот фаворит Motorola Moto G.
 
Motorola Moto G - Исклучителен смартфон за исклучителна цена
 
Покрај зголемувањето на изборот за мобилната мрежа која сега подржува и супер брзини на интернет сообраќајот во 4G, нема никакви промени во листата на спецификации на Motorola Moto G. 
 
 
Да потсетиме се работи за смартфон со 4.5 инчен HD дисплеј, четири-јадрен Qualcomm Snapdgragon 400 процесор, 1 GB RAM, 8 GB меморија, 5 мегапикселна камера и батерија од 2070 mAh. Motorola Moto G LTE ќе се продава по цена од 220 долари кон средината на јуни, а уште сега може да се нарача од сајтот на компанијата.




Прочитајте повеќе: