Итните служби ќе се алармираат со СМС

Објавено на 16.05.2014 во Новости



Итните служби ќе се алармираат со СМС

Во САД ќе започне да се применува нов систем на алармирање на итните служби како полицијата, со испраќање на СМС порака, бидејќи на овој начин лицето во невоља ќе може многу побрзо да ја пренесе својата локација или состојба. 
 
 
Овој проект го започнаа најголемите американски оператори како AT&T, Verizon, Sprint и T-Mobile US, а се подготвува и посебен софтвер за итните служби и телефонските центри на полициските станици во повеќе големи градови. 
 
 
Идејата за испраќање на аларматна СМС порака директно до службите е навистина одлична и може да спаси многу животи, па би било добро да видиме нејзина импелентација и во Македонија.