Нови сочни детали за HTC One M8 Prime

Објавено на 20.05.2014 во Новости



Нови сочни детали за HTC One M8 Prime

HTC е подготвен да води беспоштедна битка со најголемите конкуренти Samsung и LG лансирајќи сопствена Prime верзија на HTC One M8 за кого се почесто се откриваат нови детали. Според најновите информации HTC One M8 Prime ќе биде првиот премиум смартфон на тајванскиот производител кој ќе биде водоотпорен исполнувајќи го IP67 сертификатот.
 
 
HTC One M8 Prime се очекува да има 5.5 инчен Quad HD дисплеј со резолуција од 2560 х 1440 пиксели, да го користи најмоќниот Qualcomm Snapdragon 805 процесор од 2.5 GHz, со 3 GB RAM и најнова 4G LTE Cat 6 конекција која достигнува капацитет од 300 mbp/s интернет сообраќај.
 
 
Овие компоненти се планирани и кај Samsung Galaxy S5 Prime кој веќе се појави пред јавноста со првите неофицијални слики и видеа и оценката е дека брендовите се принудени на ваков чекор поради најавениот LG G3 за 27 мај кој ќе ги фрли во сенка сегашните премиум модели на двата конкурента.