LG L35 - Минијатурно телефонче за сите пари

Објавено на 20.05.2014 во Новости



LG L35 - Минијатурно телефонче за сите пари

Откриен е нов смартфон на LG Mobile наменет за ниската класа со сериски број LG L35 кој според приложените податоци на интернет страната на компанијата ќе има минијатурен 3.2 инчен екран со HVGA резолуција од 320 x 480 пиксели. 
 
 
Во останатите спецификации на LG L35 се наведени и дво-јадрен Qualcomm Snapdgragon 200 процесор од 1.2 GHz, Adreno 302 графичка, 512 MB RAM, 4 GB вградена меморија која може да се надополни преку microSD картичка, 3 мегапикселна камера и сосема доволна батерија со капацитет од 1540 mAh.
 
 
Главната предност на LG L35 ќе биде во софтверот затоа што е искористена најновата верзија на оперативниот систем Android 4.4 KitKat кој е одлично оптимизиран за работа со помалку моќни и поевтини уреди. Цената на LG L35 ќе изнесува околу 150 долари и наскоро ќе биде пуштен во продажба низ Европа.