Заоблениот HTC One Ace ќе биде супер моќен и евтин

Објавено на 21.05.2014 во Новости



Заоблениот HTC One Ace ќе биде супер моќен и евтин

HTC во наредниот период најверојатно ќе претстави дури два нови супер квалитетни смартфони кои ќе го продолжат името на HTC One M8. Освен Prime верзијата, планирана е и HTC One M8 Ace кој ќе има големина на фаблет, но со пластична изработка со што ќе се заштеди на неговата цена.
 
 
HTC објави повеќе кратки реклами во кои само ја скокотка јавноста за новите смартфони, а најновата алудира на дизајнот на HTC One M8 Ace според која главните промени ќе бидат во „кривините“ што асоцира дека се работи за можен флексибилен фаблет сличен на LG G Flex.
 
 
Листата на спецификации на HTC One M8 Ace се уште се држи во тајност но, сигурно е дека ќе биде искористена обична наместо ultrapixel камера која е на мета на многу негативни оценки, како и тоа дека ќе работи на поевтин четири-јадрен процесор. 
 
Автор: Aleksandar Stankov