Sony со свој адут во ниската класа

Објавено на 23.05.2014 во Новости



Sony со свој адут во ниската класа

На GFXBench интернет сајтот за тестирање на перформансите се појави нов мистериозен смартфон на Sony Mobile кој според првичната листа на спецификации ќе припаѓа на ниската класа и може да биде силен конкурент на Motorola Moto G со повеќе новитети во хардверот.
 
 
Се работи за моделот Sony D2403 кој најверојатно ќе има 4.5 инчен qHD дисплеј со резолуција од 540 x 960 пиксели, ќе работи на четири-јадрениот Qualcomm Snapdgragon 400 процесор од 1.2 GHz, 1 GB RAM, 16 GB меморија и камера од 8 мегапиксели. 
 
 
Смартфонот ќе ја користи најновата верзија на Android 4.4 KitKat и доколку се продава по цена од 150 долари ќе биде вистински хит во новата ниска класа со достојни перформанси. Сега на потег е Sony Mobile кој треба официјално да потврди кога ќе се одржи неговата промоција и по која цена ќе се продава.