Microsoft ќе ги намали цените на Windows смартфоните

Објавено на 26.05.2014 во Новости



Microsoft ќе ги намали цените на Windows смартфоните

Microsoft има амбиција да освои голем дел од продажбата на смартфони и таблети и смета дека намалувањето на цените може да биде клучно во наредните години за доближување до Android конкурентите каде се почесто преовладуваат евтини и квалитетни уреди.
 
 
За таа цел ќе биде намалена цената на лиценца за користење на оперативниот систем Windows Phone, а во софтверскиот пакет ќе бидат вклучени и бесплатни сервиси како MS Office и други апликации. Тоа ќе биде почетен чекор за привлекување на производителите кои ќе имаат многу подостапни Windows смартфони.