The Next Big Thing доаѓа од Asus

Објавено на 27.05.2014 во Новости



The Next Big Thing доаѓа од Asus

Taјванскиот производител Asus објави многу интригантно видео со наслов The Next Big Thin/g што е директна провокација и позајмување на слоганот кој го користеше Samsung за најава на новите Galaxy смартфони.
 
 
Бидејќи нема точни информации што подготвува Asus најдобро е да ја прифатиме нивната „загатка“ и да претпоставиме дека се работи за нов супер тенок смартфон од премиум класата кој можеби е најавениот Asus PadFone X2, односно телефон кој може да се монтира на докинг станица и да се користи како таблет со екстра батерија. Мистеријата ќе биде откриена на 2 јуни кога е закажан промотивниот настан на Asus.